Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтеровата скала, утрово го погоди североисточниот дел на Јапонија каде властите се борат да ја поправат оштетената нуклеарна електрана, јавуваат агенциите.

Засега  нема извештај  дали најновиот земјотрес предизвикал штета или човечки жртви, ниту е испратено информирање за опасност од цунами.

Компанијата „Токио електрик пауер“, која управува со оштетената нуклеарка Фукушима, соопштува дека не добила известување дека новиот земјотрес би ги загрозил оштетените реактори.

OhridNews
извор: Makfaks