Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди јужните грчки острови во Егејското море, а засега нема извештај од евентуалните жртви или штети.

Епицентарот на земјотресот бил меѓу островите Санторини и Крит, 245 километри јужно од Атина, наведе Институтот за геодинамика во Атина.

Грција спаѓа меѓу сеизмичките најактивни области. Оваа јужна европска земја годишно ја погодуваат неколку стотини земјотреси. Во земјотресот во 1999. година кај Атина загинаа 143 луѓе.

OhridNews
извор: Makfaks