Земјотрес со магнитуда од 4,7 по Рихтер е регистриран околу 05.00 часот утринава во Албанија, јавија албанските медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 62 километри северозападно од престолнината Тирана и на околу 73 километри јужно од црногорската престолнина Подгорица.

Нема податоци за жртви и нанесена материјална штета.

OhridNews
Извор: Makfaks