Земјотресот го потврдија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Оттаму велат дека потресот бил со јачина од 4 степени според Европската макросеизмичка скала и бил почувствуван во Скопје, Куманово и северниот дел на Македонија.
Епицентарот на потресот бил на околу 45 километри североисточно од Скопје и потекнува од Гњиланското епицентрално подрачје.
извор: Makfaks