Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со поддршка на швајцарскиот проект за органско земјоделство, во Охрид денеска започна експертска расправа посветена на iзработката на Предлог стратегија со Национален акционен план (НАП) за развој на органското земјоделство производство во Република Македонија.
Работилницата има за цел да направи анализа на моменталната состојба со органското земјоделско производство во РМ, можностите за развој и унапредување и потребите од изработка на законски акти усогласени со законите од ЕУ.
Искуствата со изработка и имплементација на стратегиите и националните акциони планови од други земји ќе бидат презентирани од меѓународни експерти од Швајцарија, Чешка и Бугарија.