Со цел подобро и навремено информирање на охридските земјоделци во врска со Јавниот повик за користење на средства од ИПАРД Програмата, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството спроведува информативна кампања со организација на информативни средби во најголемиот дел населени места во руралните средини во Охрид.

Според најавите, во текот на утрешниот ден вакви информативни средби ќе се одржат во селата Волино и Климештани, а на 22-ри април во селата Требеништа и Мешеишта.

-На овие средби земјоделските производители и сите потенцијални корисници на средства од ИПАРД програмата подетално ќе бидат запознаени со условите и можностите за користење на средства од програмата, информираат од АПРЗ.

Во текот на вчерашниот ден вакви информативни средби биле одржани во селата Косел и Лескоец, а во текот на изминатите денови во селата Лешани, Велмеј, Белчишта, Горно и Долно Лакочерај.

OhridNews