Охрид и Струга ќе бидат дел од градовите каде што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе организира Отворени денови за граѓаните.
Според најавите отворените денови ќе се одржуваат од 13-ти август до 13-ти септември 2015 година и имаат за цел да овозможат реализирање на директни средби со земјоделците и претставниците на бизнис заедницата.
Заитересираните ќе имаат можност да се информираат за поволностите на програмите за финансиска поддршка, да се запознаат со работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, да разговараат за прашања од нивен интерес и за проблеми со кои се соочуваат при аплицирањето, како и да побараат стручна помош.
– Подигнување на нивото на информираност и свесност на земјоделците за множностите што се нудат со програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е од големо значење за поголемо искористување на предвидените средства, стои во најавата од Платежната агенција.
Во неа се напоменува дека Отворените денови се и можност институциите да ги слушнат проблемите на земјделците во однос на користењето средства од програмите за земјоделството и руралниот развој.
OhridNews