Според Јавниот оглас за субвенциите, може да се види дека за полјоделски култури , земјоделците ќе добиваат по 8.000 денари за хектар и дополнителни 2.000 денари за користење на сертифициран семенски материјал. За градинарско производство на отворено ќе се исплаќаат по 20.000 денари за хектар, додека за оранжериско производство ќе се исплаќаат по 80.000 денари од хектар. За одржување на постоечки лозови насади ќе се добива по 40.000 денари од хектар, а за подигнати нови лозови насади по 140.000 денари. Предвидено е за одржување на овошни насади да се исплаќа по 18.000, а за нови овошни насади по 90.000 денари.
Во делот на сточарството, предвидени се по 2.500 денари за грло говедо, 900 денари за овца, 800 за коза, 700 за грло маторица, 500 денари за пчелно семејство, 1.700 денари за возрасен ној и 90.000 денари за хектар полжави.
Исто така зголемена финансиска поддршка ќе се исплаќа и за организирање на органско производство, за земјоделски семејства кои работат во отежнати услови за производство и кога носител на стопанството е жена или земјоделец до 40 години.