Ова е само почеток на епидемијата на свинскиот грип и затоа земјите во регионот треба да се подготвени солидарно да се справат со пандемијата која се заканува, изјави за “Ohridnews“ српскиот министер за здравство Томица Милосавлевиќ.
– Прво е необично важно секоја држава да има своја национална програма за реакција, внимателно изготвена и прилагодена на посебните услови, а се разбира дека тука е и важноста на регионалната соработка, не само преку размена на информации, туку и преку евентуална меѓусебна помош и поддршка. Ќе мораме да внимаваме едни на други, сметам дека тоа во оваа ситуација ќе биде многу повидливо, бидејќи ова е само почеток на епидемијата, не очекуваат сериозни предизвици наредните два три месеци, изјави Милосавлевиќ.
Српскиот министер за здравство учствуваше во работата на Регионалниот состанок на СЗО што се одржа во Охрид, на кој земјите од опкружувањето разменија мислења за активностите во справувањето со пандемскиот грип.
Македонскиот министерот за здравство Бујар Османи кажа дека Македонија будно ја следи состојбата во регионот и остварува постојан контакт со министерствата за здравство од соседството, со цел што поподготвено да се спреви со евентуалната ескалација на епидемијата на свински грип.