Земјите кои се наоѓаат на таканаречената Балканска мигрантска рута од Грција до Германија, вклучително и Македонија, се согласуваат дека треба да се зајакнат контролите на надворешните граници на Европската унија, изјави денеска австрискиот канцелар Кристијан Керн кој беше домаќин на самитот во Виена на кој присуствуваше и македонскиот премиер Емил Димитриев.
Како што пренесува „Макфакс“, австрискиот премиер Кристијан Керн на самитот во Виена во саботата го посветен на бегалската криза, насловен како „Миграцијата долж балканската рута“, ги собра премиерите на деветте земјите кои се наоѓаат на таканаречената Балканска рута, покрај македонскиот премиер Емил Димитриев и Алексис Ципрас од Грција, Миро Церар од Словенија, Тихомир Орешковиќ од Хрватска, Еди Рама од Албанија, Виктор Орбан од Унгарија, Бојко Борисов од Бугарија, Александар Вучиќ на Србија и романскиот премиер Дачијан Чолош.
На самитот, покрај лидерите од балканската рута, исто така беа присутни еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос и претседателот на Советот на Европска унија Доналд Туск, како и германската канцеларка Ангела Меркел, чија земја е една од крајните дестинации на бегалците.
„Разговаравме за можното ширење на мисијата Фронтекс во регионот, откако 50.000 луѓе од средината на февруари успеаја да дојдат до Германија, иако балканската рута од тогаш е затворена. Мораме да ја вратиме контролата над нашите надворешни граници, ние мораме да бидеме тие коишто ќе одлучуваме кој може да дојде во Европа, а не криумчарите со луѓе“, истакна Керн.
Дополни дека Австрија профитирала од затворањето на Балканската рута, но дека Европската унија мора да се подготви „за последиците на натрупување на бегалците на Балканот“.
Австрискиот канцелар ги нагласи трите точки на коишто е неопходно да се посвети внимание во претстојниот период.
„Прво, мораме да ја зајакнеме мисијата Фронтекс, второ – мора да се потрудиме договор со Турција да опстане и, трето, да се справуваме со причините за големиот број бегалци во земјите на нивното потеклото“, рече Керн.
Според него, најголемиот проблем е неможноста на бегалците од таканаречените сигурни земји, како Пакистан да се враќаат од Грција во Турција.
„Сите земји во Европската унија ја доживуваат Турција како сигурна земја и таму ги враќаат бегалците. Тоа единствено не е случајот со Грција и на тоа мораме да поработиме и да ѝ помогнеме на Грција“, рече Керн.
Грција, како што во интервјуто за германскиот дневен весник Die Welt изјавил челникот на мисијата Фронтекс, Фабри Лежери, побарала од оваа организација помош при заштитата на копнените граници кон Албанија и Македонија,
Керн оцени дека договорот меѓу Европската унија и Турција „функционира добро“, но дека од него не би требало да се зависи, па оттаму предложи слични решенија да се најдат и со африканските земји од кои доаѓаат, исто така, мигрантите главно во Италија, како Нигер, Египет, Мали и Сенегал.
OhridNews
извор: „Макфакс“