Дури пет европски земји, меѓу кои Грција, Полска, Кипар, Португалија и Словачка најавиле дека во 2013 нема да се натпреваруваат на евросонгот во Шведска и тоа од финансиски причини. Економската криза и длабоката рецесија која веќе подолго време ја тресе Грција, ја натерале оваа земја да се повлече од натпреварот кој ќе се оджи во Малме во мај 2013 година.
Во соопштението кое го изнеле грците навеле дека поради тешката ситуација во земјата апсолутно не би било морално да учестуваат на манифестација каква што е Евровизија. Исти е случајот и со Португалија, Полска, Словачка и Кипар, а од Словенија стигнале вести дека исто така размислуваат да го откажат учеството.