Земјиштето на кое се наоѓа касарната во Охрид, што неодамна Министертсвото за одбрана и го отстапи на општината и во иднина ќе биде во сопственост на државата.

Општините, како што информираше претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Коце Трајановски, ќе донесат детални урбанистички планови според тоа што најмногу ќе им одговара за нивниот локален економски развој. „Можат тие да бидат за становање, можат да бидат за трговски центри, за мало стопанство, за бизниси значи сето она што сметаат општините дека ќе има најголем ефект“ додаде Трајановски.

Со земјиштето во иднина ќе стопанисува Министерството за транспорт и врски преку кое ќе се одвива целокупната постапка за продажба на имотот, додека општините ќе можат да го планираат просторот.

Според најавите, охридската локална самоуправа на просторот во касарната планира да го смести универзитетскиот кампус.

Ohridnews