Американскиот туристички магазин “Интернационал Ливинг“спроведе истражување во 191 земја во светот за да открие која од нив нуди најпогодни услови за живеење.
Во изборот магазинот користеше девет критериуми:основните животни трошоци,култура и одмор,заштита на животната средина,економија,слобода на живеење,здравство,инфраструктура,клима и безбедност.

Според истражувањето топ земја за живеење е Франција најповеќе поради климата,убавата природа,добро организираната здравствена заштита но и затоа што ја има најромантичната престолнина Париз.


Ајфелофата кула во Париз

Најпогодени од истражувањето се Британците чија земја се најде на 37-то место,најповеќе поради лошата клима,транспортот но и високите животни трошкови.Британците ги погоди тоа што земјата се најде зад Бугарија,Панама,Чешка,Словенија,но и зад државите који имаат слична клима како:Холандија,Данска,Луксембург,Германија.Според испитувањата Британија е во ранг на Еквадор,Исланд,Литванија,Кипар и Грција.

На листата на пример САД се на високото осмо место бидејќи во така голема и богата земја лесно можат да се задоволат основните критериуми. Но како што вели старата поговорка дека најубаво е во сопствениот дом,ние воопшто не мора да се грижиме како котираме на оваа листа,него едноставно сами треба да дадеме придонес за зачувувањето и унапредувањето на оние вредности со који веќе располагаме.

Ненад Цветанов