Метеорскиот дожд кој го создава Халиевата комета, вечерва ќе го достигне својот максимум.

Се очекува пред зори Земјата да ја погоди најгустиот дел од остатоците од оваа комета.

Метеорскиот дожд се случува еднаш или два пати годишно, а го предизвикуваат замрзнатите парчиња од Хелиевата комета.

Халиевата комета се враќа во внатрешноста на Сончевиот систем секои 75-76 години и доволно е сјајна да се види со голо око. Последен пат жителите на Земјата ја видоа 1986 година, а следниот пат таа ќе е блиску до нашата планета во 2061 година.

OhridNews
извор:„Blic“