Јапонската интернет страница Asahi Shimbun соопшти дека Сонцето наскоро би можело да има четири магнетни полиња, пренесеува „Макфакс“.

Ова е мислење на научниците од јапонската Национална астрономска опсерваторија и Рикен фондацијата за истражување. Тоа, како што велат, би можело да доведе до многу пониски температури на Земјата и тоа почнувајќи од овој мај.

Вработените во опсерваторијата информираа дека активноста на сончевите дамки во втората половина на 17 век предизвикало 70 годишен студен период во кој реката Темза во Лондон целосно замрзнала, а црешите во Кјото цветале многу подоцна од вообичаеното. Во тој период, познат како Мало ледено доба, се случил Маундеровиот минимум кога бројот на сончевите дамки бил исклучително мал. Во периодот на Маундеровиот минимум температурите биле 2,5 степени пониски од втората половина на 20. век.

Јапонската студија покажа дека трендот на моменталната активност на Сончевите дамки е многу сличен со записите од тој период. Научниците открија знаци на необични магнетни промени на Сонцето. Во нормални околности Сончевите магнетни полиња воглавно ги менуваат местата на секои 11 години. Во 2011 година северниот магнетен пол на Сонцето од северната хемисфера се префрли на југ.

И додека се предвидуваше следната замена на половите да се случи во мај 2013 година, сателитот за соларни посматрања Хиноде откри дека Сончевиот северен пол почнал со ротирањето една година порано од очекуваното. Засега нема видливи промени на јужниот пол.

Ако тој тренд продолжи, Северниот пол ќе заврши со вртењето уште овој месец, но на Сонцето ќе се создаде четворополна магнетна структура, што значи дека ќе се создадат два нови пола во близина на Сончевиот екватор.

OhridNews
извор: „Макфакс“