Два последователни земјотреси ја погодија Србија утринава во 7 и 33 минути. Првиот земјотрес беше со јачина од 4.1 степен по Рихтер и на длабочина од 10 километри со епицентар 59 километри североисточно од Белград или на 4 километри од Хајдучица, додека вториот дваесетина минути подоцна е со ист епицентар но со магнитуда од 3.8 степени по Рихтер.

Засега нема пријавено штети. Земјотресот бил почувствуван на повисоките катови во зградите во Белград и Нови Сад, соопштиле од Републичкиот сеизмолошки завод.

Потресот бил почувствуван и во Бугарија.