Земјотрес со јачина од 3,2 степени регистриран вечерва во 18 часот и 36 минути, според податоците на ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот бил во околината на Кичево.

Земјотресот бил на длабочина од  3 километри. Oвој потрес покрај жителите на Кичево го почувствуваа и жителите на Охрид и Прилеп.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 80 километри југозападно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Кичево.

 

OhridNews