Земјотрес рано утрово во 04.54 часот е почувствуван во регионот на Скопје, Тетово, Гостивар и околните населени места.

Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 17 километри југозападно од Гостивар со магнитуда од пет степени според Рихтеровата скала.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени. Со послаб интензитет земјотресот е почувствуван и во Охрид.

Земјотресот е почувствуван и во Албанија и Косово.

OhridNews