Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2019 година земјава ја посетиле 122 645 туристи, кои оствариле 275 892 ноќевања. Бројот на туристите во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е зголемен за 12.8 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.0 %.
Бројот на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 0.6 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 17.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, е намален за 5.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11.6 %.
Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 3.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 4.8 %.
Во периодот јануари – септември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.1 %, а кај странските има зголемување за 4.4 %, соопшти Државниот завод за статистика.
OhridNews