Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во 8 часот и 26 минути во областа Горж во југозападниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика.

Земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а најсилно се почувствувал во Таргу Џиу, кој се наоѓа на 20 километри од епицентарот.

Бев во кревет и силно се тресеше под мене. Мислев дека сме се спасиле од земјотресите, но забележувам дека тие повторно се активираат во нашата област, ​​рекол жител на Таргу Џиу, цитиран од весникот „Адеверул“.

Денешниот земјотрес бил почувствуван и во Хунедоара и Петросани. Локалните жители велат дека бил краток, но силен.

Последниот земјотрес во Горж е забележан на 21 март. Тој беше со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, потсетува „Диџи“. Најсилниот земјотрес беше на 14 февруари со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кога беше предизвикана голема материјална штета и стотици луѓе бараа обештетување.

OhridNews