Законот за градежно земјиште ќе биде тема на стручното советување, што во организација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС започнува денеска во Охрид.

За „Компаративните предности од донесувањето на новиот Закон за градежно земјиште и измените и дополнувањата на Законот за градење и Законот за просторно планирање“, се очекува да говори министерот  за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Инаку на вчерашната седница на ЗЕЛС во Скопје за нов претседател на заедницата е избран  градоначалникот на Гази Баба, Коце Трајановски. За потпретседател на ЗЕЛС повторно е избран градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта, а за втор  потпретседател избран е  Љубомир Јанев, градоначалник на Кочани.

Изборот на  на новото раководство се изврши  по изборот на доскорешниот претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Карпош Андреј Петров за пратеник во Собранието на Република Македонија.

Ohridnews