Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС, со конференција која ќе се одржи денеска во Охрид, ќе ја одбележи тригодишнината од процесот на децентрализација.
На конференцијата се очекува да присуствува и премиерот Никола Груевски, кој ќе обрати пред учесниците. Пригодна реч ќе имаат и амбасадорот на САД, г-дин Филип Рикер, амбасадот на ЕУ во Р. Македонија, г-дин Ерван Фуере, амбасадорот на Република Франција, г-дин Бернар Валеро, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје , г-дин Џорџо Радикати и шефот на СДЦ – Швајцарската Агенција за соработка и развој, г-дин Роман Дербелај.
На Конференцијата ќе бидат презентирани досегашните активности што ЗЕЛС и општините ги реализираа во текот на третата година од децентрализацијата, постигнатите резултатити и идните заложби, а ќе биде изнесени и податоците од истражувањето за имплементацијата на процесот на децентрализацијата, што во периодот јуни-ноември, го направи Одделот за реформа во јавната администрација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Процесот на децентрализација во Македонија започна во 2005 година. Во охридско бројот на општините со децентрализација од 4 беше сведен на две. Општината Косел се припои кон Охрид, а Мешеишта и Дебрца сега се една општина.