Заедницата на единиците на локалната самоуправа(ЗЕЛС) ги повика граѓаните навремено да ги достават барањата за легализација на дивоградбите и да не го чекаат крајниот рок, кој истекува по шест месеци.

Од ЗЕЛС информираат дека сите Општини во државата се подготвени за извршување на сите работи поврзани со стапувањето во сила на Законот за постапување со бесправно изградените објекти.

Од денеска стапува во сила Законот за постапување со бесправно изградените објекти, со кој се овозможува граѓаните што живеат во дивоградби, да си ги легализираат своите објекти.

OhridNews
извор: „Макфакс„