Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа-ЗЕЛС денеска ќе одржи седница во Охрид.
Не е познато дали ЗЕЛС ќе расправа по барањето на Советите на општините кои бараат нивно рамноправно учество во работата на ЗЕЛС. Советите бараат измена на статутот на ЗЕЛС и враќање на Домот нас Советите како орган на заедницата.
Доколку тоа не се случи до 1 септември, советите, меѓу кои и охридскиот, најавија дека ќе го преиспитаат своето партиципирање во во ЗЕЛС.