Освоивме повеќе од 1.000 квадратни километри територија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нашите херои веќе ослободија десетици населени места. И денеска продолжи напредувањето, има нови резултати. Од 1 септември вкупно се ослободени повеќе од илјада квадратни километри од нашата територија, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Тој потврди дека Украина ќе добие 675 милиони долари воена помош од САД и една милијарда долари од пакетот составен од голем број европски земји.

Секој од овие чекори на нашите партнери навистина влијае врз силата на нашата земја и на цела Европа во одбраната од рускиот терор, рече тој.

OhridNews