Најмалку 41 лице загина, а 180 се ранети во рускиот напад врз Полтава, град во централна Украина, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски.

Според моментално достапните информации, две балистички проектили ја погодија областа во близина на образовна институција и болница. Луѓето се под урнатините, рече Зеленски на мрежата Х.

Тој изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите.

Наредив целосна и брза истрага за сите околности за тоа што се случи. Сите служби беа вклучени во спасувачката операција, додаде тој.

OhridNews