Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање потврди дека денеска продолжуваат украинско-руските преговори.
Зеленски наведе дека украинската делегација вчера „завршила добра работа“, без да наведе детали. Тој повторно им се обрати на руските војници, повикувајќи ги да престанат со борбите, истакнувајќи оти „им нуди шанса да преживеат“.
Според Зеленски, руските сили изгубиле 80 авиони, стотици тенкови и повеќе воена опрема за 19 дена борби.
Зеленски, побара воената состојба во земјата да се продолжи за уште 30 дена, почнувајќи од 24 март.
Барањето Зеленски синоќа го испрати до Врховната Рада (парламентот), а тоа денеска е објавено на веб-страницата на претседателот на Украина.
OhridNews