Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека продолжува тешката битка за Донбас.

Битката за Бахмут и Соледар, за Кремина, за другите градови и села на истокот од земјата продолжува. Иако непријателот ги концентрираше најголемите сили во оваа насока, нашите војници – вооружените сили на Украина, сите одбранбени и безбедносни сили – ја штитат земјата, рече Зеленски.

Тој се заблагодари на „секој војник, наредник и командант на бригадата и другите единици на армијата кои храбро и непоколебливо ги извршуваат поставените задачи“.

Им благодариме на борците на единицата „Кракен“ за решителните акции за уништување на непријателот во Соледарскиот регион. Им благодариме на војниците на Меѓународната легија на главната разузнавачка служба на Министерството за одбрана и на единицата „Шаман“, кои храбро го бранат Бахмут, рече Зеленски.

OhridNews