Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ноќеска изјави дека завршувањето на војната во Украина веќе оваа година е заедничка задача на цивилизираниот свет.
Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците кажа дека сега е многу важно секој што има влијание врз информациите да учествува во информативната работа, пренесе украинската агенција Униан.
Украинскот претседател кажа дека тоа не важи само за новинарите, туку за „сите што можат да ја шират вистината за агресијата“, односно кои можат „да го потсетат светот на украинските мажи и жени кои поминале низ окупацијата, низ загубите“.
OhridNews