Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне инсистираше на средба „во кој било облик“ со рускиот претседател Владимир Путин за „запирање на војната“ во Украина.
Верувам дека без оваа средба е невозможно целосно да се разбере што тие (Русите) се подготвени да направат за да ја запрат војната… без преговори војната нема да биде запрена, истакна Зеленски.
Тој потенцира дека Украина не може да „прифати никаков ултиматум од Русија“..
Зеленски најави и дека секој постигнат компромис во преговорите со Русија ќе биде ставен на референдум.
Тој се осврна и на прашањето за членство на Украина во НАТО.
Сите веќе го сфативме тоа. Не не примаат (во НАТО), затоа што тие (земјите-членки) се плашат од Русија. Тоа е сè. А, ние мора да се смириме и да кажеме: Во ред, (ќе ни бидат потребни) други безбедносни гаранции, наведе Зеленски.
Тој, исто така, истакна дека верува оти прашањето за Крим, анектиран во 2014 година и регионот Донбас во источна Украина, каде што проруските сепаратисти прогласија две републики, е „многу тешка приказна за сите“.
За да најдеме излез, прво мораме да го направиме првиот чекор кон безбедносни гаранции и прекин на огнот. За време на првата средба со претседателот на Русија, јас сум подготвен да ги иницирам овие прашања, тие се релевантни, тие се важни за нас“, заклучи Зеленски.
OhridNews