Изградбата на новиот стадион на Ливерпул ќе започне во јули годинава , откако проектот беше одобрен од градските власти.

Новите сопственици на Ливерпул, Американците Џорџ Џилет и Том Хикс , решија стадионот да биде изграден во Стенли паркот који се наоѓа недалеку од Енфилд на кој најтрофејниот Англиски клуб своите натпревари ги игра уште од 1892 година.И покрај инсистирањето на локалните власти , сопствениците на Ливерпул ги отфрлија можностите новиот стадион да биде заеднички со градскиот ривал Евертон.


новиот “Енфилд“

“Енфил роуд“ има капацитет од 45.000 седишта , на новиот стадион ќе има место за плус 15.000 гледачи. Ливерпул соопшти дека во текот на месецов ќе биде распишан тендерот за изградба на стадионот.Според прогнозите тој ќе биде готов до крајот на 2008 година.  

Н. Цветанов