На крстосницата кај „Охридска банка“ деновиве се поминува на пола зелено. Другата половина на семафорите не свети. Не работат ниту мерачите на секунди. Дефектите на вертикалната сигнализација на оваа многу прометна крстосница се чести во последно време, но не би било добро доколку семафорите откажат во летните гужви.


Полузелено

фото: Васко Бујароски