Станува збор за мултимедијален едукативен проект кој вклучува прирачници, брошури, аудио-визуелен материјал и игри на теми од областа на животната средина.
Зелениот пакет, според новата наставна програма на Бирото за развој на образованието е препорачан за употреба во сите основни училишта во државава, а е печатен на македонски и на албански јазик.
Министерствата за животна средина и просторно планирање и за образование и наука ја реализираат оваа содржина во соработка со Регионалниот центар заштита на животната средина за Централна и Источна Европа. Вкупниот буџет на изнесува 360. 800 евра, од кои 321 000 ги донира австриската Влада, а со 39. 800 евра учествуваа двете македонски министерства.