Доколку се сомневате дека од вашиот здив може да се почувствува храната која сте ја конзумирале или едноставно не е пријатен, тогаш зелениот чај е вистинското решение за вас.
Овој здрав чај е одличен во борба против лошиот здив бидејќи ги неутрализира бактериите и го влажни вашето грло, а тоа се двете најчести причини за овој проблем.
Важно е да се напомене дека чајот не треба да биде засладен со шеќер или мед бидејќи тој е најефикасен во неговата “чиста” варијанта.