Три локални бизниси од Вевчани и еден туристички оператор од Охрид добија сертификати за својот значаен придонес во развојот и промоцијата на одржливиот туризам во рамките на програмата Good Travel Seal и концептот за Зелена дестинација.
Сертифицираните бизниси, како што соопшти „Vevcani Green“, се промовирани преку платформата Good Travel Seal и на социјалните медиуми, стигнувајќи до одговорни туристи од целиот свет кои бараат зелен одмор.
Дополнително, тие се дел од т.н. зелени продукти, кои се понудени на платформата Outdooractive, што дополнително ја зголемува нивната видливост и социо-економскиот бенефит на локално ниво, стои во информацијата.
И Општина Вевчани пред само една недела по втор пат се пласира во групата на 100 најуспешни дестинации во светот во конкуренција од над 200 апликанти, кои развиваат и практикуваат одржлив туризам на повисоко ниво. Тоа значи дека општината покажала дека се грижи за природата, има соработка со локалната заедница, бизнисот, невладиниот сектор, ја зачувува културата и традицијата, се грижи за здравјето и безбедсноста на населението, управува со отпадот, го промовира туризмот и воведува одржливи пракитики…
OhridNews