Најверојатно е направена грешка во интерпретација, изјави лидеот на СДСМ Зоран Заев, за наводите објавени во германскиот весник „Ди Цајт“, дека обвинетите во случајот „Монструм“ се невини во затвор.
-Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковско езеро или процесот на Владата, Монструм, како што го нарекоа со кривичната пријава, ќе обелодени болна вистина. Сомневањата се големи, нашата намера не е да ставаме квалификации, но секако вистината штом ќе ја обелодениме, граѓаните ќе знаат што во суштина покажува таа вистина. Дека постојат големи сомневања за тоа што се случило со случајот Монструм.-изјави Заев.
„Ди Цајт“ во статијата пренесува став на Заев дека објавувањето на вистината за петкатното убиство на Смилковско езеро може да предизвика судири со жртви. Во моментов вели тој, водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да го сочуваме единството на народот, пишува „Ди Цајт“.
Во интервјуто Заев потенцира и дека е загрижен дека состојбата може да излезе од контрола, но дека луѓето мора да се подготват за вистината.
OhridNews