Четири зебри, кои поегнале од една фарма, предизвикале денес вистински хаос во главниот град на Белгија, Брисел. Пругастите животни најпрвин се појавиле на северот на градот, а потоа се упатиле кон центарот, пренесуваат странските медиуми. На фотографиите, кои случајните минувачи ги објавиле на социјалните мрежи, можат да се видат зебрите кои се „забавуваат“ низ улиците.

 

Меѓутоа, нивниот излет на слобода, за жал, бил со краток век. Белгиската телевизија VTM пренела дека полицијата и пожарникарите, со помош на еден ветеринар, уловиле две од зебрите на еден плоштад, а останатите две на еден паркинг каде биле сокриени позади автомобилите.