Иницијативата за  внесување на Египќаните во Преамбулата на Уставот на Република Македонија, што беше актуелизирана пред извесно време е тотално безпредметна, бидејќи со Преамбулата не се решаваат, ниту пак се гарантираат правата на заедниците, се вели во Соопштението на Здруженито на египќани на Република Македонија. Во него се нагласува дека лицето Демир Делип, кој е таканаречен иницијатор за решавање на ова прашање, не претставува никаква организација, било тоа да е здружение на граѓани или политичка партија, која ги застапува интересите на Египќаните во Република Македонија, па поради тоа сите негови искажани ставови во јавноста треба да се примаат како негови лични ставови, а не ставови на заедницата на Египќаните.

Сите права и обврски произлгеуваат од нормативниот дел на Уставот, а не од Преамбулата затоа што таа е само декларација. Точно е дека Египќаните и други заедници не се именуваат во Преамбулата на Уставот, но тоа не значи дека Египќаните како и другите се исклучени или пак дискриминирани од правата што се следуваат со законите. Ова уште пове ќе ќе се надмине со Законот за заштита од дискриминација, што Собранието  го донесе на 8-миаАприл 2010 година. Со овој закон  на некој начин се затвораат прашањата преку кои господинот Демир Далип сака да ја збунува и дефокусира јавноста.-велат од Здруженито на египќани. Тие нагласуваат дека претходноспоменатото лице преку неговите изјави сака да внесува конфузија кај не-египќанската популација во Р. Македонија, бидејќи припадниците на заедницата на Египќаните добро знаат која е таа личност.

Во соопштенито се објаснува и дека на последниот попис на населението до 2002 година, на прашањето за изјаснување по етничка припадност не постоела графа ниту за една заедница во Република Македонија, па дури ни за македонскиот народ, туку било оставено да граѓаните сами  се изјаснат според нивната свест.

-Приказните за непостоење на графа на Египќани или за непризнавање на заедницата на Египќаните во како малцинство во Македонија, се невистини и конструкции најверојатно конструирани од менторите и мецените на господинот Демир Далип. На пописот од 2002 година како Египќани се изјасниле околу 4000 лица, а тој податок може да се добие од Државниот Завод за Статистика, што само по себе значи дека таканаречената „графа за Египќаните“ постои. –се нагласува во соопштението.

OhridNews