Здруженија, претпријатија, граѓани се приклучуваат кон хуманитарната акција за собирање помош за жителите од поплавените подрачја во Источна Македонија.

Членовите на Лајонс клуб Десарети веднаш по обајвувањето на апелот на општинскиот Црвен крст донираа 1,5 тон вода за пиење, а најавена е донација и од компанијата Словин Тем- Хем. До Црвен крст Охрид помош е понудена и од збратимените оргнизации на Црвен крст од Ужице и Крагуевац. 

За населението во Источна Македонија од регионите каде се случија поплавите во моментов најнеопходна е флаширана вода за пиење и средства за хигиена. Заинтересираните донатори помошта потребно е да ја најават во Црвен крст Охрид на еден од телефоните 046 261-909 или 070 315-309, од каде ќе добијат насоки за доставување на истата.

OhridNews