Здружението на прволигаши се “цепи“ од Kошаркаската федерација на Македонија. На седницата во Охрид прволигашите одлучија да формираат посебно правно тело со што финасиски ќе се одделат од федерацијата. Здружението на прволигаши ќе прерасне во правно лице, со што според првиот човек на здружението Ване Соколовски многу проблеми ќе се надминат.

Проблемите сами ќе ги решавеме, ние не бараме да се одделиме од федерацијата туку и понатаму ќе останеме во склоп на федерацијата, но ќе имаме поголема контрола .


Организацијата на Првата лига треба да е во ингеренции на здружението. Основната идеа е средствата со кои располагаат клубовите да остануваат во здружението со што лигата ќе биде поквалитетна.

Ние ќе останеме членка,  но потребно е разграничување на функциите. Оваа измена ќе повлече некои акти, но очекуваме со оваа измена здружението да се издигне на повисоко организациско ниво. Онаа карика која ни недостига е маркетингот, со ваквите измени ние сами ќе си го брендираме производот  – истакна Драган Панковски.


Избрана е работна група во состав Драган Панковски , Томче Димишкоски, Амир Абед, Благоја Георгиевски и преставник од Работнички. Работната група има рок од 30 дена да подготви материјали за наредната седница.  

Челните луѓе на федерацијата не беа присутни во Охрид, но според претседателот на здружението било разговарано со нив и дале зелено светло.

М.Постоловски