Здравствените работници ја проолжуваат битката со коронавирусот, а не изостанува и поддршаката за нив од хумани граѓани и општествено одговорни компании.

Помош за здравствените работници во охридската болница, денеска стигна од Здружението на возачи – Охрид, кое обезбеди 100 скафандери и заштитни одела. Тие се предадени на управата на болницата која ќе ги распредели во одделенијата каде тие се најпотребни.

Според најавите на здравствените власти, земјава во наредните три седмици ќе го доживее пикот на пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид 19. Поради тоа од среда полицискиот час во работните денови ќе се зголеми и наместо од 21 како до сега, ќе почнува во 16 часот, а ќе завршува во 05 часот следното утро, додека во викендите целосно се забранува движењето почнувајќи од петок во 16 часот, па се до понеделник во 05 часот утрото. Овие мерки се преземаат со цел да се спречи ширењето на пандемијата и за да не се оптовари здравствениот систем над прагот на издржливост.

Г.М.