Немилиот настан што пред два дена се случи во Охрид, предизвика лавина реакции во охридската јавност. Граѓаните го осудуваат насилството и жалат за изгубениот млад живот. Реагираше и Здружението на Срби од Охрид „Коштана“, кое изрази надеж дека надлежните органи ќе го расветлат инцидентот во кој животот го загуби 34-годишниот турист од Србија, Душан Новаковиќ.

– Посебно сме изненадени што ваков инцидент се случува во Охрид, град кој важи за еден од побезбедните и кој е гостољубив кон сите туристи, особено кон гостите од Република Србија. Се надевам дека Министерствтото за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки виновниците за овој немил настан да не останат неказнети.-изјави Зоран Цветковиќ, претседател на Здружението на Србите од Охрид „Коштана“.

OhridNews