Утре со почеток во 11 часот, во општинската зграда ќе се одржи пригодна свеченост по повод 65- годишнината од основањето на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
Пред присутните свое обраќање ќе имаат претседателот на на Извршниот одбор на здружението, Ѓорѓи Трпчески, претседателот на СЗПМ, Драги Аргироски, како и градоначалникот Никола Бакрачески.
На свеченоста ќе се изврши и промоција на Монографијата на здружението „ Охридските пензионери низ времето“ од Ѓорѓи Трпчески, а ќе бидат врачени и плакети и благодарници за особен придонес во развојот и соработката на организации и институции.
OhridNews