Со пригодна свеченост која се одржа вчера Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца прослави 65- години од своето основање.

Во рамки на свечената програма, свое обраќање пред присутните имаа претседателот на Извршниот одбор на здружението  Ѓорѓи Трпчески, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргироски, претседателката на Здружението на пензионери од Врање, Србија Мирјана Трајковиќ, претседателот на Конфедерацијата на синдикатот на Поградец, Албанија Назив Далјани, а од името на Локалната самоуправа се обрати заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев.

По повод јубилејот беше промовирано второто издание на Монографијата „Охридските пензионери низ времето, култура, спорт-рекреација“ од авторот Ѓорѓи Трпчески, а промотор беше м-р Димитар Смилески.

За значаен продонес во развојот и соработката, беа врачени плакети и благодарници на неколку организации и институции. Во текот на програмата беше пркажан документарниот филм „Охридското здружени низ времето“ од Ристана Мојсоска и Миланка Панделеска.

OhridNews