Здружението на дијабетичари од Охрид, утре, недела, 12ти мај, ќе го одбележи Меѓународниот ден на физичката активност.

Предвидени се повеќе активности: рекреативно пешачење од хотел Ројал до Куба Либре,  едукативна презентација за значењето на микро билките како здрав додаток на исхраната на дијабетичарите од страна на Сања Бачевски, дипл. инж. по хортикултура, физичка активност прилагодена за дијабетичари со Проф. Мр. по кинезиологија, Катерина Стојаноска, мерење на шеќер во крвта, дегустација на здрави крекери со намаз и микробилки, како и дегустација на здрави колачиња за дијабетичари изработени од Марк Дијкстра од Холандија, информираат од Здружението.

Настанот ќе започне во 11.00 часот.

OhridNews