Здружението на Бродари и посади на брод утрово постави брод на влезот на каналот, но после извршените консултации меѓу членовите на Здружението донесена е одлука за прекинување на протестот.

Ваквата одлука е донесена од причини што проценивме дека не сакаме да нанесеме било каква штета и негативни чувства кај нашите сограѓани кои на одреден начин се организатори на пливачкиот маратон. Исто така, согласни сме меѓу себе дека тоа се коси со кодексите на бродарите, иако ситуацијата во која се наоѓаме бара и многу порадикални мерки, велат од Здружението на бродари.

Ohridnews