Манифест на Привремената Влада на Македонија – 1881
23 март 1881 во Ќустендил
Македонци,
Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина!
Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена?
Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа!
Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова!
Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика:
вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми!
Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб.
Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам. Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:
Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија!
Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода – нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена.
Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!
Ќустендил 11-23 март 1881,…
Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.
Претседател Васил Чомо
Секретар Никола Трајков
—Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).