Шест клубови присутни на седницата на Здружението на прволигашите гласаа “ЗА”, АМАК-СП да продолжи да игра во Првата лига.Всушност, тоа е желба на шесте клубови кои дигнаа рака да се најде решение по кое актуелниот освојувач на Купот и покрај неодиграните два натпревари на гостински терен со Фени Индустри односно Овче Поле да продолжи да игра во Првата Лига.
Прволигашите кои сакаат оваа ситуација да се реши на спортски начин, го сослушаа барањето на првиот човек на клубот, Венко Шапкар, кој побара АМАК-СП да продолжи да се натпреварува во друштво на прволигашите, како и сугестијата која ја даде и претседателот на МКФ, Даниел Димевски, но со препорака, тоа да биде одлука на Здружението.
За таа цел на АМАК-СП му е оставено да ги бара правните решенија, односно да упати барање за преиначување на одлуките на Комесарот кај Арбитражната Комисија на МКФ, но со претходна писмена подршка од целокупното членство на Здружението.
Дополнителни два дена доби АМАК-СП, да го убеди членоството на закажаната нова седница на Здружението (во четврток, во 16.15 часот). АМАК-СП треба да чека “концензус”, односно “ДА” од сите девет прволигашки клубови.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com