Судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција, пишува во соопштението на Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија кое е објавено по VI седница, одржана на 18-ти март 2015 година.

-Сублимирајќи ги доставените мислења од 26 подружници од судовите во Република Македонија согласно заклучокот од V седница, Здружението на судиите на Република Македонија смета дека судиите имаат капацитет и интегритет да ја вршат судиската функција согласно Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот на Република Македонија и со тоа обезбедуваат непристрасно судење, заштита и унапредување на слободите и правата на граѓаните и доследно почитување на принципот на владеење на правото, пишува во соопштението кое е објавено на веб страницата на здружението.

Ова соопштение е објавено како ракција на последните објавени аудио сними од страна на СДСМ кои се однесуваат на независноста на судството.

OhridNews