По повод писмото на ВМРО – ДПМНЕ пратено до нашата редакција,  Здружението на бродари  се јави со контра реакција.

Во нивната реакција стои:

“Ние како Здружение никогаш не сме се залагале да бидеме надвор од законот на Р. М како што се наведува во соопштението. Во таа смисла некоректно е да бидеме обвинети дека не сакаме бродовите да бидат технички прегледани и регистрирани. Прво, тоа го сакаме заради нашата лична безбедност, безбедноста на на нашите патници и семејства кои секојдневно патуваат со нас. Никој од нас не е доволно неодговорен да се залага за спротинвото, никој од нас не е аматер во струката и производ на бирократија. Ние се залагаме да бидат испочитувани меѓународните стандарди и принципи за безбедност во пловидбата на бродовите, меѓутоа и принципите на пазарното работење. Тоа значи дека се залагаме да бидеме прегледани и регистрирани, на што сме укажувале од поодамна од релевантни класификациони друштва признаени  и кои се формирани за тоа. Ние не бараме јавашлук, ние не бараме да пловиме технички непроверени и нерегистрирани.
Ние како еснаф не смееме да си дозволиме да бидеме проверувани само од една единствена компанија која ни е наметната и со која наводно ќе се постигне поголема безбедност во пловидбара. Во контекст на тоа сакаме да посочиме на ланската несреќа која се случи , а бродот беше под надзор на Германски лојд , фирма која по своето реноме со ништо не се разликува од онаа која нас денес ни се наметнува.

Имено, бараме да бидеме прегледани од релевантни класификациони друштва, но претпочитувајќи го принципот на пазарната економија( цена). За жал тоа кај нас не се случува затоа што во Охридската капетанија имаме несоодветни раководни кадри кои во законот за Внатрешна пловидба дозволиле да се напишат спорни членови кои го направија хаосот во кој се наоѓаме сите заедно, а денес немаат доблест да го признаат тоа.

Од наша страна предлагаме , не имајќи ја предвит цената на се она што до сега не затекна, да се собере храброст и да се направат измените на законот кои ги предлагаме со што ќе се овозможи трајно решавање на проблемот, а нема да изгубиме ништо од она што се вика европски терк и секако ќе ни овозможи добра понатамошна соработка.

Со надеж дека ќе бидеме добронамерно и правилно сфатени остануваме на располагање за било какво објаснување поврзано со оваа проблематика.
Со почит,
ЗДРУЖЕНИЕ НА БРОДАРИ

Ohridnews